Prime Capital

Безбедност и доверба

Како се заштитенивашите средства?

Работењето на фондот се одвива согласно важечката регулатива и под надзор на надлежен регулатор. Prime Capital управува со фондот и ги носи инвестициските одлуки, додека вашите средства се чуваат кај независна депозитарна банка и се одвоени од средствата на компанијата.

Тек на средствата

Под надзор
ТИсопственикДЕПОЗИТАРНА БАНКАчува физичкиГЛОБАЛНИ ПАЗАРИ20–30 пазариPRIME CAPITALуправува, не чува

Твоите пари никогаш не минуваат низ Prime Capital. Ние праќаме инструкција. Банката извршува.

Брифинг за 90 секунди

Клучни информации за безбедноста и пристапот до вашите средства.

  • Вашите средства се чуваат кај независна депозитарна банка и се одвоени од средствата на Prime Capital.

  • Исплатите се вршат само на лицето кое уплаќало.

  • Можете да ги повлечете средствата во секое време, а тие ќе бидат префрлени на вашата трансакциска сметка во рок од 1 до 3 работни дена.

  • Во случај на затворање и ликвидација на фондот, средствата што одговараат на вредноста на вашите удели се исплаќаат на вашата трансакциска сметка.

Каде се чуваат твоите средства?

Две институции.
Две различни улоги.

Депозитарната банка е независна институција чија задача е да ги чува средствата на инвеститорите на посебни сметки, одвоено од средствата на друштвото за управување. Тоа значи дека чувањето на средствата и управувањето со нив се доверени на две различни институции, при што секоја има јасно дефинирана улога.

Кога Prime Capital носи одлука каде да се инвестираат средствата, ние испраќаме инструкции до депозитарната банка, а таа ги извршува трансакциите и се грижи за чувањето на средствата. На тој начин, ниту една институција нема целосна контрола врз целиот процес.

Токму оваа поделба на улоги претставува еден од клучните механизми за заштита на интересите на инвеститорите и е една од причините зошто индустријата на инвестициски фондови функционира на сигурен и транспарентен начин.

Сметка во

твое име

Сопственост

100% твоја

Пристап

само ти

Надзор

регулатор

Управувач

Prime Capital

Прашања и одговори

Одговори на вашите
најчесто поставувани прашања.

Свесни сме дека одлуката да се започне со инвестирање со себе носи многу прашања. Во продолжение ќе најдете одговори на прашањата што најчесто ни ги поставуваат оние кои размислуваат за инвестирање преку Prime Capital, со цел да ви помогнеме полесно и со поголема сигурност да одлучите дали ова е вистинскиот избор за вас.

Сè уште се двоумиш?

Разговарај
со нашиот тим.

Закажи разговор без обврска. Тука сме да одговориме на твоите прашања, да ти ги дадеме сите потребни информации и да ти помогнеме да донесеш информирана одлука. Без притисок, без брзање и без скриени услови.

Prime Capital

Едноставно и достапно инвестирање за секого.Нашите експерти управуваат, ти растеш.

Регистрирај се бесплатно

Отвори сметка за неколку минути.

© 2026 Prime Capital. Сите права задржани.
Скопје · РС Македонија

Прајм Капитал АД Скопје, е Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, управува со инвестициските фондови Momentum, отворен акциски инвестициски фонд, и Balance, отворен балансиран инвестициски фонд. Покрај управувањето со фондови, Друштвото нуди и услуга за индивидуално портфолио, наменета за физички и правни лица.

Статутот, Проспектот, годишните и полугодишните извештаи, како и сите релевантни информации поврзани со фондовите и услугите на Друштвото, се достапни на оваа интернет-страница, како и во седиштето на Друштвото.

Податоците содржани во Проспектот, заедно со одредбите од Статутот на секој фонд, со кои се уредуваат правните односи помеѓу Прајм Капитал АД Скопје, како друштво за управување со инвестициски фондови, и сопствениците на удели во фондовите, претставуваат правна целина која ги содржи потребните информации врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат информирана и разумна одлука за вложување.

Пред донесување одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор треба внимателно да ги прочита Проспектот и Статутот на соодветниот фонд, со цел да се запознае со природата на вложувањето, инвестициската политика, правата и обврските на сопствениците на удели, трошоците, како и со ризиците поврзани со вложувањето во фондот.

Приносот остварен во минатото има исклучиво информативен карактер и не претставува гаранција или показател за можен принос во иднина. Вредноста на уделите во фондовите може да се зголемува или намалува во зависност од движењата на пазарите на капитал, структурата на вложувањата и пазарните услови. Со тоа, идните приноси може да бидат повисоки или пониски од претходно остварените приноси. Вложувањето во инвестициски фондови носи ризик, вклучително и можност за намалување на вложените средства.

* Минатите резултати не се гаранција за идни приноси. Логоата и имињата на наведените компании се прикажани единствено за информативни и референтни цели и не претставуваат препорака за инвестирање.