Правни документи
За друштвото
Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје.
01 · Друштво за управување
Основање и идентитет
На 08.08.2007 година, со Решение бр. 07-1562/6 на Комисијата за хартии од вредност, Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје доби одобрение за основање.
На 05.06.2026 година, со Решение УП бр. 08-94 на Комисијата за хартии од вредност, е извршена измена на Статутот на Друштвото за управување во делот на називот и седиштето. Новиот назив е Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје.
- Запис во Трговски регистар
- 22.06.2007 г.
- Организациски / правен облик
- Акционерско друштво (05.5)
- Седиште
- ул. Даме Груев бр. 18, згр. 2-001 / кат М3/1, Скопје
- Основна главнина
- 297.654 € (по среден курс на НБРМ)
- Сопственик (квалификувано учество)
- Иван Ивановски
02 · Статут
Важечки статут
Новиот Статут на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје е донесен на 28.05.2026 година и одобрен од Комисијата за хартии од вредност со Решение бр. УП 1 08-94 од 05.06.2026 година.
03 · Дејности
Дејности на Друштвото
Друштвото за управување врши работи на управување со инвестициски фондови, и тоа:
- 1управување со имотот на инвестициските фондови;
- 2рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови;
- 3административни работи кои се однесуваат на:
- водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи;
- воспоставување и одржување на односи со вложувачите;
- утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот;
- усогласување на работењето на Друштвото за управување со законите и други прописи;
- објавување и известување на сопствениците на удели;
- распределба на добивката на инвестицискиот фонд;
- издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови; и
- водење регистар на сопствениците на удели.
Друштвото за управување има дозвола за работење од Комисијата за хартии од вредност и за вршење на:
- инвестициско советување при вложување во хартии од вредност, во согласност со закон;
- управување со индивидуално портфолио при вложување во хартии од вредност, во согласност со закон.
04 · Депозитарна банка
Депозитарна банка
Депозитарна банка на Фондот е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на бул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје, за која е добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност со Решение бр. 07-2483/10 од 31.10.2007 година. Банката е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
- Даночен број
- 4030993191133
- ЕМБС
- 4664531
- Согласност на НБРМ (чувар на имот)
- Решение бр. 1849 од 11.03.2008 г.
- Емисии на акции
- 14 емисии - 854.061 обична акција
- Номинална вредност
- 1.000,00 ден. по акција
- Почетен капитал
- 854.061.000,00 ден.
Субдепозитарна банка
- Назив
- Нова Љубљанска банка дд Љубљана
- Адреса
- Трг Републике 2, SI–1520 Љубљана, Словенија
- Договор
- Custody Agreement for UCITS Clients, 10.10.2024 г.
- Одговорно лице
- Barbara Dolenc, Head of Custody
- Е-пошта
- barbara.dolenc [at] nlb [dot] si
- Телефон
- +386 1 476 52 78
05 · Фондови
Фондови под управување
Друштвото за управување управува со два отворени инвестициски фонда - ИНОВО СТАТУС БАЛАНСИРАН и ИНОВО СТАТУС СОЛАР - со цел здружување на парични средства наменети за инвестирање од домашни и/или странски физички и/или правни лица преку јавен повик, со кои за сметка на инвеститорите управува Друштвото за управување, во согласност со Законот, Статутот и Проспектот на Фондот.
ИНОВО СТАТУС БАЛАНСИРАН
- Статут
- Одлука бр. 02-197/2 од 15.12.2022 г.; одобрен со Решение УП 1 бр. 08-341 од 23.01.2023 г.
- Проспект
- Одлука бр. 02-44/2 од 11.05.2026 г.
ИНОВО СТАТУС СОЛАР
- Статут
- Одлука бр. 02-189/2 од 07.12.2022 г.; одобрен со Решение УП 1 бр. 08-7/8 од 23.12.2022 г.
- Проспект
- Одлука бр. 02-46/2 од 11.05.2026 г.
06 · Сметководство
Сметководствени услуги
Друштвото за сметководствени услуги и финансиски консалтинг Инвестко ДООЕЛ Скопје (ЕМБС 6118011, основано на 05.06.2006 година), со седиште на ул. Јуриј Гагарин бр. 16/1-3, 1000 Скопје, претставувано од управителот Сузана Кузманоска, е овластено да извршува административни работи кои се однесуваат на водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи за сметка на Друштвото за управување, врз основа на согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение УП 1 бр. 07-2 од 07.12.2009 година. Како ДООЕЛ, наведеното правно лице нема орган на управување.
07 · Ризици
Преглед на ризици поврзани со работењето
| Вид на ризик | Степен на влијание |
|---|---|
| Пазарен ризик | Висок |
| Каматен ризик | Низок |
| Кредитен ризик | Среден |
| Ликвиден ризик | Среден |
| Валутен ризик | Среден |
| Ризик од промена на даночните прописи | Низок |
| Политички ризик | Низок |
08 · Тим
Одбор на директори
Членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје:

Иван Ивановски
Претседател на борд на директори

Миа Стефановска Зографска
Главен извршен директор
Извршен член

Благој Митров
Извршен директор
Извршен член

Томислав Димитријев
Неизвршен и независен член на Одбор на директори
Неизвршен член

Ненад Јовиќ
Неизвршен член на Одбор на директори
Неизвршен член
Контакт