Провизии
Што плаќаш,до последен денар.
Тука можеш да ги видиш сите наши провизии, и точно што се случува со твоите средства, од моментот на инвестирање, па сѐ до моментот кога ги повлекуваш.
Балансиран фонд
Prime Balance
Ти плаќаш
- Влезна провизија
- 0%
- Излезна провизија
- 0%
- Провизија на успех
- 0%
- Префрлање меѓу фондови
- 0%
На товар на фондот*
- Управувачки надоместок
- 2.5% годишно
- Надомест за депонент банка
- 0,30% годишно
- Надомест за КХВ
- 0,12% годишно
* Овие надоместоци веќе се пресметани во дневната вредност на уделот, без посебна сметка за тебе.
Динамичен фонд
Prime Momentum
Ти плаќаш
- Влезна провизија
- 0%
- Излезна провизија
- 0%
- Провизија на успех
- 0%
- Префрлање меѓу фондови
- 0%
На товар на фондот*
- Управувачки надоместок
- 2.5% годишно
- Надомест за депонент банка
- 0,35% годишно
- Надомест за КХВ
- 0,12% годишно
* Овие надоместоци веќе се пресметани во дневната вредност на уделот, без посебна сметка за тебе.
Индивидуален план
Prime Signature
Персонализирано управување на твоето портфолио како и можност за директен пристап до твојот портфолио менаџер.
- Влезна провизија
- 4%
- Излезна провизија
- 0%
- Управувачки надоместок
- 2.5% годишно
- Провизија на успех
- 20% од принос
Провизијата на успех се наплаќа само кога има остварен профит.
Нема други провизии.
Освен наведеното погоре, нема скриени, административни ниту трошоци за чување, нема казни за повлекување. Тоа што го гледаш е сѐ што плаќаш.
Ликвидност и префрлање
Парите остануваат твои - и слободни да се движат.
1–3 дена
Си ги враќаш парите брзо.
Поднесуваш барање за откуп преку платформата и средствата стигнуваат на твојата сметка за 1 до 3 работни дена (законски максимум: 7 дена). Без излезна провизија и без казни за предвремено повлекување.
0%
Префрлање меѓу фондови - бесплатно.
Ако твоите цели се променат, се префрлаш од Prime Balance во Prime Momentum (или обратно) целосно бесплатно - без влезна, без излезна и без провизија за префрлање.
Данок
Данокот е наша грижа.
Ние ти подготвуваме сѐ.
Целата администрација и пресметка поврзана со данок ја изготвуваме ние, твое е само да ја доставиш до УЈП.
0%
Данок за чување удели над 2 години.
Ако уделите ги чуваш подолго од две години, твојата капитална добивка е целосно ослободена од данок.
Согласно актуелниот Закон за персонален данок на доход на Северна Македонија. Општа информација, а не даночен совет.
Транспарентноста почива на безбедност
Регулатива и надзор
Прајм Капитал АД Скопје работи под надзор на Комисијата за хартии од вредност. Сите провизии се јавно објавени во Проспектот на секој фонд.
Одвоени средства
Твоите пари се законски одвоени од средствата на Друштвото и се чуваат во независна Депозитарна банка, која ги контролира сите уплати и исплати.
Чести прашања
Сѐ за провизиите, јасно.
Без скриени трошоци