Prime Capital

Правни документи

За друштвото

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје.

01 · Друштво за управување

Основање и идентитет

На 08.08.2007 година, со Решение бр. 07-1562/6 на Комисијата за хартии од вредност, Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје доби одобрение за основање.

На 05.06.2026 година, со Решение УП бр. 08-94 на Комисијата за хартии од вредност, е извршена измена на Статутот на Друштвото за управување во делот на називот и седиштето. Новиот назив е Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје.

Запис во Трговски регистар
22.06.2007 г.
Организациски / правен облик
Акционерско друштво (05.5)
Седиште
ул. Даме Груев бр. 18, згр. 2-001 / кат М3/1, Скопје
Основна главнина
297.654 € (по среден курс на НБРМ)
Сопственик (квалификувано учество)
Иван Ивановски

02 · Статут

Важечки статут

Новиот Статут на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје е донесен на 28.05.2026 година и одобрен од Комисијата за хартии од вредност со Решение бр. УП 1 08-94 од 05.06.2026 година.

03 · Дејности

Дејности на Друштвото

Друштвото за управување врши работи на управување со инвестициски фондови, и тоа:

  1. 1
    управување со имотот на инвестициските фондови;
  2. 2
    рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови;
  3. 3
    административни работи кои се однесуваат на:
    • водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи;
    • воспоставување и одржување на односи со вложувачите;
    • утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот;
    • усогласување на работењето на Друштвото за управување со законите и други прописи;
    • објавување и известување на сопствениците на удели;
    • распределба на добивката на инвестицискиот фонд;
    • издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови; и
    • водење регистар на сопствениците на удели.

Друштвото за управување има дозвола за работење од Комисијата за хартии од вредност и за вршење на:

  • инвестициско советување при вложување во хартии од вредност, во согласност со закон;
  • управување со индивидуално портфолио при вложување во хартии од вредност, во согласност со закон.

04 · Депозитарна банка

Депозитарна банка

Депозитарна банка на Фондот е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на бул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје, за која е добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност со Решение бр. 07-2483/10 од 31.10.2007 година. Банката е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Даночен број
4030993191133
ЕМБС
4664531
Согласност на НБРМ (чувар на имот)
Решение бр. 1849 од 11.03.2008 г.
Емисии на акции
14 емисии - 854.061 обична акција
Номинална вредност
1.000,00 ден. по акција
Почетен капитал
854.061.000,00 ден.

Субдепозитарна банка

Назив
Нова Љубљанска банка дд Љубљана
Адреса
Трг Републике 2, SI–1520 Љубљана, Словенија
Договор
Custody Agreement for UCITS Clients, 10.10.2024 г.
Одговорно лице
Barbara Dolenc, Head of Custody
Е-пошта
barbara.dolenc [at] nlb [dot] si
Телефон
+386 1 476 52 78

05 · Фондови

Фондови под управување

Друштвото за управување управува со два отворени инвестициски фонда - ИНОВО СТАТУС БАЛАНСИРАН и ИНОВО СТАТУС СОЛАР - со цел здружување на парични средства наменети за инвестирање од домашни и/или странски физички и/или правни лица преку јавен повик, со кои за сметка на инвеститорите управува Друштвото за управување, во согласност со Законот, Статутот и Проспектот на Фондот.

ИНОВО СТАТУС БАЛАНСИРАН

Статут
Одлука бр. 02-197/2 од 15.12.2022 г.; одобрен со Решение УП 1 бр. 08-341 од 23.01.2023 г.
Проспект
Одлука бр. 02-44/2 од 11.05.2026 г.

ИНОВО СТАТУС СОЛАР

Статут
Одлука бр. 02-189/2 од 07.12.2022 г.; одобрен со Решение УП 1 бр. 08-7/8 од 23.12.2022 г.
Проспект
Одлука бр. 02-46/2 од 11.05.2026 г.

06 · Сметководство

Сметководствени услуги

Друштвото за сметководствени услуги и финансиски консалтинг Инвестко ДООЕЛ Скопје (ЕМБС 6118011, основано на 05.06.2006 година), со седиште на ул. Јуриј Гагарин бр. 16/1-3, 1000 Скопје, претставувано од управителот Сузана Кузманоска, е овластено да извршува административни работи кои се однесуваат на водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи за сметка на Друштвото за управување, врз основа на согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение УП 1 бр. 07-2 од 07.12.2009 година. Како ДООЕЛ, наведеното правно лице нема орган на управување.

07 · Ризици

Преглед на ризици поврзани со работењето

Вид на ризикСтепен на влијание
Пазарен ризикВисок
Каматен ризикНизок
Кредитен ризикСреден
Ликвиден ризикСреден
Валутен ризикСреден
Ризик од промена на даночните прописиНизок
Политички ризикНизок

08 · Тим

Одбор на директори

Членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје:

Иван Ивановски

Иван Ивановски

Претседател на борд на директори

Миа Стефановска Зографска

Миа Стефановска Зографска

Главен извршен директор

Извршен член

Благој Митров

Благој Митров

Извршен директор

Извршен член

Томислав Димитријев

Томислав Димитријев

Неизвршен и независен член на Одбор на директори

Неизвршен член

Ненад Јовиќ

Ненад Јовиќ

Неизвршен член на Одбор на директори

Неизвршен член

Контакт

Контакт

Телефон

+389 (0)2 3298 674

Факс

+389 (0)2 3298 675

Е-пошта

info [at] primecapital [dot] mk

Prime Capital

Едноставно и достапно инвестирање за секого.Нашите експерти управуваат, ти растеш.

Регистрирај се бесплатно

Отвори сметка за неколку минути.

© 2026 Prime Capital. Сите права задржани.
Скопје · РС Македонија

Прајм Капитал АД Скопје, е Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, управува со инвестициските фондови Momentum, отворен акциски инвестициски фонд, и Balance, отворен балансиран инвестициски фонд. Покрај управувањето со фондови, Друштвото нуди и услуга за индивидуално портфолио, наменета за физички и правни лица.

Статутот, Проспектот, годишните и полугодишните извештаи, како и сите релевантни информации поврзани со фондовите и услугите на Друштвото, се достапни на оваа интернет-страница, како и во седиштето на Друштвото.

Податоците содржани во Проспектот, заедно со одредбите од Статутот на секој фонд, со кои се уредуваат правните односи помеѓу Прајм Капитал АД Скопје, како друштво за управување со инвестициски фондови, и сопствениците на удели во фондовите, претставуваат правна целина која ги содржи потребните информации врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат информирана и разумна одлука за вложување.

Пред донесување одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор треба внимателно да ги прочита Проспектот и Статутот на соодветниот фонд, со цел да се запознае со природата на вложувањето, инвестициската политика, правата и обврските на сопствениците на удели, трошоците, како и со ризиците поврзани со вложувањето во фондот.

Приносот остварен во минатото има исклучиво информативен карактер и не претставува гаранција или показател за можен принос во иднина. Вредноста на уделите во фондовите може да се зголемува или намалува во зависност од движењата на пазарите на капитал, структурата на вложувањата и пазарните услови. Со тоа, идните приноси може да бидат повисоки или пониски од претходно остварените приноси. Вложувањето во инвестициски фондови носи ризик, вклучително и можност за намалување на вложените средства.

* Минатите резултати не се гаранција за идни приноси. Логоата и имињата на наведените компании се прикажани единствено за информативни и референтни цели и не претставуваат препорака за инвестирање.